ноември 22, 2024

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

Hungary’s Prime Minister Viktor Orban arrives for a roundtable meeting of the European Council at the European headquarters in Brussels, on December 14, 2023. EU leaders agreed on December 14, 2023, to open talks with Ukraine on joining the bloc, after Hungarian Prime Minister Viktor Orban ducked out of his threat to veto the plan. The EU’s 27 leaders were focused at a crunch summit in Brussels on granting Kyiv a four-year 50-billion-euro ($55-billion) funding package and an agreement to launch formal EU talks for Ukraine on joining the bloc.,Image: 829500422, License: Rights-managed, Restrictions: ALTERNATIVE CROP, Model Release: no, Credit line: Miguel MEDINA / AFP / Profimedia

Од СДСМ велат дека со големо чудење и разочараност ја примиле информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Додека тој од Охрид порачува едно, во реалноста прави сосем друго. Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што е практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата. 

Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето. 

Мицкоски освен очигледен интерес околу кредитот од Унгарија и веројатно други бизнис интереси, не успеал од Орбан да обезбеди никаква поддршка за ништо друго во интерес на граѓаните и иднината на државата“, велат од СДСМ.




TV21

Read Previous

Битиќи: Над 75 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Read Next

Вчера се одржи проекцијата на филмот „Зрно пченица“ за животот на турскиот пратеник со посебни потреби Серкан Бајрам