Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на вчерашниот говор на Генералното собрание во Обединетите Нации, се осврна на промената на името и патот на Македонија кон ЕУ.
Таа кажа дека не било остварено она поради кое го сменивме името.
„Новото име е формално правна реалност, и мојата држава Република Северна Македонија како членка на ОН и НАТО ги исполнува меѓународните обврски, но членството во ЕУ не се оствари, и македонските граѓани се пред услов за уште една уставна измена, но не за членство, туку за почеток на преговорите, и тоа по втор пат. Како држава посветена на добрососедството, очеквуаме разбирање од нашите соседи без закана за вето, затоа што каде што има вето, нема правда. Тоа ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите, и го дестабилизира регионот и остава простор за влијание од други, поголеми држави. Проширувањето мора да се врза за копенхагенски критериуми“, рече Сиљановска-Давкова.
TV21