септември 19, 2024

Обвинителството во Приштина донесе обвиниение против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска

Специјалното обвинителство во Приштина денеска го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска кај Звечан, што се случи на 24 септември минатата година.

Според обвинението, тие се товарат за наводен тероризам, односно за кривични дела „против уставниот поредок и безбедноста, финансирање тероризам и перење пари“.

Обвинителот во овој случај, Наим Абази, рече дека се извршени 66 разговори со сведоци и обвинети, а според него, како доказ се земени 120 електрични уреди, 1266 парчиња оружје и друга опрема.




TV21

Read Previous

Претседателот Ердоган: „Трајна е нашата поддршка за територијалниот интегритет на Украина“

Read Next

Кривична за три лица од Арачиново по обид за убиство