ноември 22, 2024

Вонредна состојба на Волос поради еколошка катастрофа

Властите прогласија вонредна состојба поради тоните мртви риби кои беа исфрлени во водите на грчкиот пристанишен град Волос. Според новинската агенција АНА, оваа мерка како одговор на последната еколошка катастрофа во регионот треба да се применува еден месец.

Целта е да се обезбеди државна поддршка за чистење на пристаништето и околните плажи и реки.

Сцените кои веќе неколку дена се случуваат во Пагастискиот залив потсетуваат на десетте библиски неволји кои некогаш го погодиле древниот Египет. По разорните поплави предизвикани од депресијата „Даниел“ пред речиси точно една година, регионот сега е преплавен со угинати риби. Густиот тепих од трупови на риби ги покрива водите во и околу пристанишниот град Волос, кој е масовно посетуван од туристи кои оттаму со траекти се упатуваат до островите на архипелагот Споради.

Волос по втор пат во последните 12 месеци го погоди еколошка катастрофа. Поплавите пред една година однесоа најмалку 17 животи во Грција и опустошија обработливо земјиште, патишта, згради и друга инфраструктура. Тие поплавија околу 1200 квадратни километри површина во централна Грција, главно во Тесалиската рамнина, една од главните центри за производство на житарки и други индустриски култури во земјата.

Речиси во исто време, Грција се бореше со тешки шумски пожари, кои исто така ги однесоа животите на повеќе од 20 луѓе. Според климатските и временските експерти, ваквите настани ќе продолжат да се зголемуваат поради климатските промени.





ZOOM

Read Previous

Собранието не ја прифати интерпелацијата за спикерот Африм Гаши

Read Next

Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Северна Македонија