Израелската војска продолжи да ги напаѓа различните области на Појасот Газа на 334-тиот ден од нападите.
Израелската војска продолжи со напади врз различни области на Појасот Газа во текот на ноќта, при што имаше загинати и повредени.
Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа и на 334-тиот ден, создавајќи голема хуманитарна катастрофа со тоа што населението го остава без храна и вода.
Според веста на официјалната палестинска агенција WAFA, израелската војска бомбардирала куќа во квартот Ед-Дурџ во градот Газа на северот од Појасот Газа. Според првичните информации, во нападот загинал 1 лице, а повеќе лица се повредени.
Израелските борбени авиони го бомбардирале импровизираниот заслон во квартот Ес-Сахаба во градот Газа, каде што живеела една фамилија. Во нападот биле повредени 4 лица.
Израелската војска го разнела голем број на куќи со експлозиви во квартот Зеитун на југот од градот Газа.
Во квартовите Тел ел-Хава и Зеитун во градот Газа, околу 8-та улица, се изведени интензивни напади од воени возила, придружувани од беспилотни летала.
Израелските артилериски единици извршија интензивни артилериски напади врз бегалскиот камп Нусејрат во средишниот дел на Појасот Газа, како и на северните делови и градовите Хан Јунис и Рафах на југот на Појасот Газа. Во нападите има загинати и повредени.
Според соопштението на Министерството за здравство во Газа од вчера, од нападите на Израел врз Појасот Газа започнати на 7 октомври, загинале најмалку 40.819 лица, од кои 16.673 се деца и 11.269 жени, а 94.291 лице се повредени.
Се известува дека под урнатините се уште има илјадници загинати, додека јавните болници и образовните институции во кои населението се засолни, се цел на нападите, што доведува до уништување на цивилната инфраструктура.
АА