ноември 23, 2024

Хасани на Самитот во Блед: Интеграцијата во ЕУ е единствениот одржлив пат за Западен Балкан

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во обраќањето на панелот „Европа целосна и слободна: Возобновена заложба за европската безбедност“, во рамки на Стратешки Форум во Блед, порачал дека интеграцијата во ЕУ е единствениот одржлив пат за Западен Балкан.

– За време на панелот, министерот Хасани го презентираше значајниот напредок што Албанија го постигнала во своето патување кон европската интеграција, велејќи дека е важно е да се разбере дека Албанија едноставно не постигна напредок; Албанија направи голем напредок кој е конкретен, мерлив и реален и како таков е прифатен, објавија албанските медиуми.

Исто така укажал на цврстата определба на Албанија да продолжи со спроведувањето на неопходните реформи за членство во Европската унија.

Според него, интеграцијата во ЕУ е единствениот одржлив пат за Западен Балкан, кој обезбедува трансформација и зачувување на обединета Европа.

– И Европската Унија и Западен Балкан треба навреме да се посветат на реформите и иновативните стратегии за интеграција. Имаме методи и средства. Сега ни требаат брзи политички одлуки, нагласил министерот Хасани.

Министерот Хасани и честитал на својата словенечка колешка Тања Фајон за организирањето на овој важен форум за справување со актуелните безбедносни предизвици и унапредување на регионалната соработка.





ZOOM

Read Previous

ДУИ: Скандалозни и неприфатливи ставовите на Влен и нивните медиуми против албанскиот јазик

Read Next

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го заштитија Гаши од одговорност