ноември 23, 2024

ДУИ: Скандалозни и неприфатливи ставовите на Влен и нивните медиуми против албанскиот јазик

Демократската унија за интеграција смета дека се скандалозни и неприфатливи ставовите на експонентите на поразените на претседателските и на парламентарните избори, послушниците на ВМРО и непочитувачите на волјата на Албанците, против албанскиот јазик, велат од ДУИ во соопштение.

„Главните слуги, главните вазали, секојдневно излегуваат со оправдувачки ставово за изјавата на претседателот на Уставниот суд против албанскиот јазик и ги повторуваат ставовите на ВМРО ДПМНЕ. 

Овој чекор ќе биде следниот и најсериозен удар врз Охридскиот договор, етничкиот легитимитет, еднаквоста во државата и меѓуетничките односи. 

Дарко Костадиновски е избран за член на Уставниот суд по предлог на ВМРО ДПМНЕ, поточно на поранешниот претседател Иванов, додека претседател стана во времето на оваа власт со моноетнички легитимитет. 

Скандалозно е оправдувањето од ВЛЕН и до нив блиските медиуми, за осакатувањето на службениот албански јазик и говори дека тие се продадени, но и дека го продаваат албанскиот народ за своите позиции. 

Претпоставката за одлуката на Уставниот суд од страна на претседателот на судот е политички притисок врз судиите и се прави по налог на власта со моноетнички легитимитет за понижување на Албанците“, стои во соопштението на ДУИ.





TV21

Read Previous

Почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Read Next

Хасани на Самитот во Блед: Интеграцијата во ЕУ е единствениот одржлив пат за Западен Балкан