Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 26.08.2024 година.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50
- ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50
- Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 68,50 денари за литар.
- Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 69,50 ден/лит.
- За 0,390 денари поевтинува цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 44,780 денари.
TV21