ноември 23, 2024

Мицкоски на средба со Сарацин

Премиерот Христијан Мицкоски утрово имал средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

На средбата се разговарало за иднината на регионот, како и потребата за поголема ангажираност на ЕУ.

„Утрово имав средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Разговаравме за иднината на регионот, за потребата за поголема ангажираност на ЕУ во вреднувањето на чекорите и реформите кон исполнување на нашите стратешки ориентации“, напиша Мицкоски.




TV21

Read Previous

Редуциран автобуски превоз во Скопје, нема да возат дел од приватните превозници

Read Next

Нови цени на горивата од полноќ