ноември 23, 2024

Маж се разнесе со бомба, жена повредена: Хорор во Црна Гора

Маж од Бјело Поље, Црна Гора им подлегнал на повредите добиени кога активирал бомба во градот Годијево, а во експлозијата е повредена една жена.

Несреќата се случила утрово околу 9 часот.

Бјелополчанец активирал бомба во близина на неговата куќа. Од експлозијата се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал, информираат од РТЦГ.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а жената која исто така е повредена во инцидентот е надвор од животна опасност.




TV21

Read Previous

Мицкоски: Убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво

Read Next

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Франција, Кристоф Ле Риголер