ноември 23, 2024

Мицкоски: Убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со Андреј Пленковиќ изјави дека „за него претставува голема чест и задоволство што еве денеска може од овде од Загреб да се обрати како премиер на неговата прва билатерална посета и со големо задоволство може да каже дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со коишто значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски“.

„Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави.

Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство.





TV21

Read Previous

Министерот Тошковски на средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Read Next

Маж се разнесе со бомба, жена повредена: Хорор во Црна Гора