септември 20, 2024

ФК Брера: Навивачите на Шкендија не беа избркани, туку сами си заминаа од стадионот

Струмичкиот тим Брера се огласи по повод инцидентот кога навивачите на Шкендија „Балисти“ објавија дека не им било овозможен влез на стадионот поради наводно истакнување на албанско знаме.

Од Брера рекоа дека ниту тие, ниту од полицијата им било забранет влез, туку тие влегле, но потоа сами го напуштиле стадионот.

„Во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран на 25 август помеѓу Брера Струмица и Шкендија и обидот да некој ја вмеша политиката таму каде не и е местото, сакаме да ја информираме јавноста во име на вистината дека малата група на симпатизери на ФК Шкендија не повеќе од 25, не беа избркани од стадионот, ни од полицијата, ниту од ФК Брера Струмица како домаќин. Напротив навивачите по нивна одлука сами го напуштија стадионот. Напоменуваме дека ФК Брера Струмица секогаш е пример за одличен домаќин на сите екипи и навивачки групи без разлика на етничка припадност. Политиката нема место на спортските терени, а тие што сакаат етнички поделби подалеку од фудбалот“, стои во објавата на струмичкиот тим.





TV21

Read Previous

Гаши: Се надевам дека на 3 септември ќе има соочување на аргументи, како ќе одлучи пленумот, така ќе постапиме

Read Next

Бугарите на 27 октомври повторно излегуваат на избори