Едно лице е тешко повредено во престрелката што се случила синоќа во Тузи, во близина на мешаното средно училиште „25 Мај“, соопшти Управата на црногорската полиција.
Осомничениот за ова кривично дело е приведен, а од него е одземен пиштол магнум 357, кој ќе се вештачи во Центарот за судска медицина при Полициската управа.
„Истиот ден во Клиничкиот центар на Црна Гора е примено едно лице со повреди во пределот на левото стапало предизвикани од дејство на проектил испукан од огнено оружје, при што му се констатирани тешки физички повреди – фрактура на коските на стапалото“, се вели во соопштението на полицијата.
TV21