ноември 22, 2024

Македонија ја има најниската просечна плата во регионот

Агенцијата „Анадолија“ направи истражување на највисоката и најниската месечна плата во регионот. Заклучено е дека во Македонија има најниска просечна плата која изнесува 680 евра.

Најголемата просечна плата исплатена за јуни е во Словенија, 1501 евро, додека во Хрватска изнесува 1315 евра. Во Србија просечната плата е 855,8 евра, а во Црна Гора 838 евра.

Пред Македонија е и Босна и Херцеговина со просечна плата од 702 евра.

Највисока плата за јуни во просек е исплатена во дистрибуцијата на струја, гас и пареа, 2.241,33 евра нето, а најниска во угостителството 1.142,43 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2024 година во однос на јуни 2023 година изнесува 114,8.





TV21

Read Previous

ЦУК: Активни два пожара, три се под контрола

Read Next

Пукање во училиште во Црна Гора