септември 20, 2024

Димитар Главчев повторно ќе биде службен премиер на Бугарија

Претседателот Румен Радев го предложи досегашниот службен премиер на Димитар Главчев за кандидат за прв човек на новата службена влада на Бугарија, пренесува Трибуна.

Радев денеска во 12 часот во претседателската институција ќе го прими кандидатот за привремен премиер за да му наложи да предложи состав на нова преодна влада.

Радев вчера разговараше со лицата кои можат да ја заземат функцијата службен премиер.

До овој момент дојде откако пропадна предлог-кабинетот на Горица Грнчарова-Кожарева. Причината за тоа беше фактот што Радев одби да го потпише указот за именување на нова преодна влада поради името на Калин Стојанов, кој требаше повторно да ја преземе функцијата министер за внатрешни работи.



ZOOM

Read Previous

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, набрзо од денеска ќе седнеме да разговараме

Read Next

Македонско семејство повредено во сообраќајка во Албанија