ноември 23, 2024

Средба Николоски-Варнс: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс.

На средбата министерот Николоски ја потенцира одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласи стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач.

Министерот Николоски информираше за реформските процеси и приоритетите на Владата и Министерството за транспорт како клучни за подобрување на животниот стандард, економскиот раст и борбата против корупцијата за што беше  нагласена и силната поддршка на страна на САД.

На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата за што министерот Николоски ја истакна огромната важност во исполнување на владните цели  за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се разговараше и за проектите што се планирани во идниот период, засилената динамика во работењето на коридорите 8 и 10. 

Министерот разговараше и за проектите во железничкиот сектор, проектот за брзата железница како еден од поважните стратешки проекти.

Министерот Николоски ја истакна и стратешката определба на земјата за членство во Европската унија како и континуираниот придонес на Македонија во зајакнување на односите во НАТО Алијансата. 

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на соработката меѓу двете земји.




TV21

Read Previous

Бугарија се уште во криза: Радев одби да именува влада

Read Next

Се удави српски турист во Бугарија: Телото извлечено од морето пред хотел во Бургас