ноември 22, 2024

Почина креаторот на култните серии „Бољи Живот“, „Тесна Кожа“, „Отпишани“…

Попзнатиот сценарист Синиша Павиќ, почина денеска на 91 годишна возраст во Белград. Павиќ беше еден од најплодните ТВ автори во поранешна Југославија.

Ги пишуваше сценаријата за некои од најпознатите серии како „Отпишани“, „Тесна Кожа“, „Бољи Живот“.

„Бољи Живот“ (Подобар живот) е можеби едно од неговите најпопуларнии серии на крајот на 80-тите. Се емитуваше во 1991 година и беше најгледана серија во тогашна Југославија. И во следните децении создаваше серии.

Последната серија која ја снимаше беше „Херои на нашето време“, која се емитуваше од 2019 до 2021 година.




TV21

Read Previous

Таравари: 9 нови лекови се на позитивната листа, за 6 месеци следува уште едно проширување

Read Next

Средба на министерот за Мисајловски со командантот на националната гарда на Вермонт, Грегори Најт