Град Скопје се огласи со соопштение дека раководството е целосно подготвено да седне на маса со премиерот Христијан Мицкоски за да се најде решение за проблемите во главниот град.
„Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата.
За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.
Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.
Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу владата и градот Скопје.
Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата на Р.Македонија, во корист на граѓаните на градот Скопје“, стои во соопштението на Град Скопје.
TV21