ноември 23, 2024

Излезност до 13 часот: На претседателските избори 22,86%, на парламентарните 25,77%

До 13 часот пристигнати се податоци за излезност на граѓаните за Претседателските и Парламентарните избори. Од вкупно 2472 избирачки места, со запишани 1.261.526 гласачи, гласале 23,95 отсто, односно 302.158 граѓани.

Најголема излезност за изборот на шеф на државата, може да се забележи во Крива Паланка со 46,44 отсто, додека најмала излезност има во Липково со 3,28 отсто.

На претходните избори во 2019 година имало помала излезност од 3,49 потсо, со што може да се заклучи дека на овие избори имаме поголема заинтересираност. Во однос на првиот круг на Претседателските избори, сега излезноста е помала за 0,7 отсто.

За парламентарните избори досега право на глас имаат остварено 25,84 отсто, односно 312.070 граѓани. Најголема излезност има во Кривогаштани со 48,65 отсто, додека најмала може да се забележи во Маврово и Ростуше со 11,91 отсто. Во споредба со изборите во 2020 година, може да се забележи раст на излезност од 2,03 отсто.

Најголема излезност може да се забележи во Изборната единица 1 со 31,18 отсто и ИЕ3 со 29,18 отсто , понатаму  ИЕ4 со 26,40 отсто и ИЕ5 со 25,04 отсто, а најмал одзив може да се забележи во  ИЕ2 со 23,91 отсто и ИЕ6 со најмала излезност од 16,71 отсто.

Во ДИК  имаат примено вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право, од кои 105 се усвоени и им е овозможено повторно гласање, 9 приговори се отфрлени како неуредни, додека 40 се одбиени, останува да се обработат останатите.

Read Previous

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија

Read Next

До 13 часот во Струга гласале 18 проценти за парламентраните и 12 за претседателските избори, во Вевчани 38 отсто