Државната телевизија во Србија, РТС вечерва го прекина директниот пренос на Евровизија поради доаѓањето на претседателот на Кина Си Џипинг.
По прекинот веднаш започна директен пренос од аеродромот „Никола Тесла“ каде со фолклорен ансамбл беше дочекан Си Џипинг.
По децениска пауза ова е прво доаѓање на претседателот на Кина Си Џипинг.
Кога станува збор за односот кон Тајван, Вучиќ истакна дека Србија силно го поддржува принципот на Кина која е на страната на меѓународното јавно право.
Инаку, српските коментатори на почетокот на програмата рекоа дека ќе има промена.
„За 35 минути го прекинуваме преносот на Евровизија и се приклучуваме од аеродромот Никола Тесла, за да го пречекаме претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг“, објави РТС.