ноември 22, 2024

Владата на Косово дозволи замена на српските возачки дозволи за косовски

Владата на Косово соопшти дека Министерството за внатрешни работи донело одлука на граѓаните да им дозволи да ги заменат српските возачки дозволи за косовски.

Возачките дозволи издадени од Србија за градовите во Косово главно ги користат припадниците на српската заедница, додека официјална Приштина ги смета за нелегални документи.

„Веќе долго време добиваме барања за ваква одлука. Сакаме да ги ослободиме нашите граѓани од секојдневните проблеми со кои се соочуваат“, рече премиерот Албин Курти во обраќањето на српски јазик.

Тој изјави дека замената на српските возачки дозволи за косовските „ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги регистрираат своите возила со регистарски таблички RKS (Република Косово).

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека за преминување во возачка дозвола издадена од косовските институции, нема да биде потребно повторно полагање на тестовите.

Read Previous

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read Next

Путин положи заклетва за новиот претседателски мандат