ноември 22, 2024

ЕУ го потврди Фондот за реформи и раст за Западен Балкан

Земјите-членки на Европската унија потврдија нов фонд за реформи и раст за регионот на Западен Балкан, кој вклучува шест милијарди евра, соопшти Министерството за надворешни работи на Австрија.

„Одлична вест од Брисел за сите пријатели на Западен Балкан: Земјите-членки на ЕУ штотуку потврдија нов фонд за реформи и раст за регионот. Долго време го баравме овој финансиски стимул од шест милијарди евра за поддршка на реформите на нашите партнери и постепена интеграција во ЕУ“, објави австриското Министерство на социјалната мрежа „Х“.

И министерката за европски прашања во австриската Влада Каролина Едштадлер, оцени дека ова е одлична вест, велејќи дека финансиската помош и конкретните придобивки во замена за реформи уште повеќе ќе ги зближат Западен Балкан и ЕУ.

„Тоа ќе го забрза процесот на интеграција и ќе ја зголеми европската безбедност во согласност со концептот за постепена интеграција на Западен Балкан на патот кон полноправно членство! Западен Балкан е дел од семејството на ЕУ“, објави Едстадлер на социјалната мрежа „Х“.

Read Previous

Средба на Вучиќ и Макрон во Париз

Read Next

Универзална сала гори