На денешен ден (06.04.2024) пред 83 години, во раните утрински часови, како одмазда за напуштањето на Тројниот пакт, покрај останатите југословенски градови, Луфтвафе го бомбардираше и Скопје.
Во нападот Македонија имаше првостепено стратешко значење поради својата положба. Загинаа над педесетина скопјани, поголем број беа ранети, а градот претрпе значителни материјални штети.
На 7 април, во попладневните часови во Скопје влегоа првите германски воени трупи, а за неколку дена беше окупирана и цела Македонија, по што започна масовен обид за бугаризација на македонското население, како и прогон на Евреите од кои во 1943 сите 4 илјади скопски Евреи беа депортирани во концентрациониот логор Треблинка.
Скопје од германсо-бугарската нацистичка окупација се ослободи на 13 ноември 1944 година.