Во соопштението на Министерството за здравје во Газа објавени се најновите податоци за нападите што Израел ги изведува во Појасот Газа веќе 183 дена.
Од 7. октомври 2023 година досега се убиени 33.137 Палестинци во израелските бомбардирањата и гранатирања на Појасот Газа, известува Анадолу.
Министерството за здравје во Газа објавени се најновите податоци за нападите што Израел ги изведува во Појасот Газа веќе 183 дена.
Во соопштението се наведува дека се убиени уште 46 Палестинци, а ранети се 65 во израелските напади на Појасот Газа во последните 24 часа.
Вкупниот број на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7. октомври досега изнесува 33.137, а 75.815 се повредени.
Се истакнува дека под урнатините и покрај патиштата има уште мртви, но поради израелските напади, медицинските тимови и службениците на цивилната заштита не можат да дојдат до телата.