ноември 23, 2024

Постигнат договор за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

Советот на Европската унија (ЕУ) и Европскиот парламент (ЕП) постигнаа договор за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, најамбициозниот пакет финансиска помош за земјите од регионот во вредност од шест милијарди евра.

Договорот на 4 април го потврди европскиот претставник Тонино Пицула, кој беше главен преговарач во името на Европскиот Парламент.

Со овој инструмент се обезбедуваат финансии за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кои ќе опфатат две милијарди евра грантови и четири милијарди евра позајмици за земјите од регионот, вклучително и најмалку 800 милиони евра за Северна Македонија.

Преговорите кои ги водеа двете европски институции се одвиваа под голем притисок за усвојување на одлуката во „кратка временска рамка“ затоа што беше неопходна согласност од Советот на Европската Унија и Европскиот парламент кој формално се распушта на крајот на април поради европските избори кои ќе се одржат во јуни годинава.

Сега е можно одлуката да биде изгласана на априлската пленарна седница и потоа да стапи на сила Планот за раст на регионот.

Read Previous

8 Април ќе биде неработен ден за Ромите во Македонија

Read Next

Стопанската комора МАТТО приреди традиционална ифтарска вечера во Скопје