ноември 24, 2024

Пукање во Арачиново, целта бил градоначалникот, тешко повреден неговиот шофер!

Пукање и напад со автоматско огнено оружје денеска попладне се случило во  Арачиново, а според потврдени информации целта на нападот бил градоначалникот на оваа општина, пренесува Телма.

Повредено е најмалку едно лице кое било во придружба на градоначалникот односно било дел од обезбедувањето. Ранетиот е префрлен во Ургентниот центар.

Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на  местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.

Според информации на ТВ21, пак,  тешко повреден е возачот на градоначалникот на општина Арачиново, по пукањето кое се случи на пладне во скопската населба.

Поради итноста, тој е внесен во операциона сала во клиничкиот центар Мајка Тереза, но во моментов нема информации каква е неговата здравствена состојба.

Read Previous

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција

Read Next

Утре и задутре нема влез во Грција