Како што објави весникот „Једиот ахронот“, повикувајќи се на анонимни извори од израелската Влада, адвокатката Елкајам-Леви собрала милиони долари помош со ширење на „неточни истражувања и лажни приказни“ во врска со нападите на Хамас на 7 октомври.
Израелските власти ја прогласија за „неверодостојна“ адвокатката Кочава Елкајам-Леви, која ја обвинија дека го предводела ширењето на тврдењата дека припадниците на Хамас сексуално злоупотребувале жени на 7 октомври 2023 година.
Како што објави весникот „Једиот ахронот“, повикувајќи се на извори од израелската Влада кои сакаа да останат анонимни, Елкајам-Леви собрала милиони долари помош со ширење на „неточни истражувања и лажни приказни“ во врска со нападите на Хамас на 7 октомври.
Како што се наведува во текстот, приказната за „трудницата чиј стомак бил расечен“, која често е споменувана во западните медиуми и која се покажа како лажна, особено го нарушила кредибилитетот на Израел.
Истиот извор рече дека Елкајам-Леви е „неверодостојна личност“ и дека е утврдено дека многу докази што ги изнесе оваа адвокатка немаат никаква врска со Хамас.
Милиони долари за ширење лажни вести
Друг израелски официјален претставник во разговор за „Једиот ахронот“ рече дека Елкајам-Леви, која го привлече вниманието на јавноста по изјавите што ги даваше за меѓународните медиуми по нападот на 7 октомври, собрала милиони долари помош благодарение на „Комисијата за цивили“ што таа ја основала и ја опиша како организација спонзорирана од државата.
Елкајам-Леви, како што рече официјалниот претставник, за своите активности во текот на 2024 година побарала финансиска поддршка од речиси осум милиони долари.
„Ѝ помагал и американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел. Тој собрал пари од многу луѓе, па дури почнал да бара пари и за нејзините конференции“, рече истиот извор.
Лажни изјави
Извештајот што Елкајам-Леви го напиша на 28 октомври, во кој таа наведува дека Хамас извршува „систематско сексуално насилство“, беше доведен во прашање во земјата откако американскиот весник „Њујорк тајмс“ ги повлече наводите за „телата на силуваните девојки“, кои често се користеа и во другите западни медиуми, со образложение дека се работи за „лага“.
Во текстот на „Њујорк тајмс“ од 25 март се наведува дека и изјавата на израелскиот медицински работник Гај Меламед дека „видел тела на голи млади девојки за кои се чинело дека биле силувани во Кибуц Беера“ е исто така лажна.
„Фотографијата направена истиот ден од израелски војник покажува дека телата на трите жени биле целосно облечени и дека не покажувале знаци на сексуално насилство“, се наведува во текстот.