Утре (23.03.2024 година) од 09 до 18 часот, на градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.
Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект. Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.