декември 3, 2024

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени ја потресе Босна и Херцеговина

Според првичните податоци што ги објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е регистриран 22 километри североисточно од Билеќе.

САРАЕВО (АА) – Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени ја потресе Босна и Херцеговина (БиХ) и соседните земји, јавува Анадолу.

Според првичните податоци што ги објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот е регистриран 22 километри североисточно од Билеќе.

Земјотресот ги вознемири граѓаните, но сѐ уште нема информации за настаната материјална штета или човечки жртви.

Read Previous

Владата на Косово донесе одлука за враќање на земјиштето на манастирот „Високи Дечани“

Read Next

Комисија за заразни болести: Децата со три дози ДиТеПер вакцина ќе може да посетуваат градинка, но ќе треба да ја примат и четвртата доза