ноември 21, 2024

Синдикат на полицијата во Македонија: Одговорност за хаосот со личните документи мора да има

Наметнатата состојба со личните документи на граѓаните се уште претставува проблем за вработените во МВР. Очигледно некој се води кон тоа дека нашите колеги се одговорни за тоа, велат од  Синдикатот на Полцијата.

Во нивната реакција се вели:

По неодамнешната реакција на Народниот Правобранител, се посочува “голем број на обработени и нераспределени лични документи кои се заглавени во лавиринтите на МВР, со што постои можност на некои граѓани да им се оневозможи и гласање на претстојните парламентарни и претседателски избори.” Бројката не е мала, станува збор за над 100.000 граѓани.

Констатација директно насочена кон нашите колеги во секторот за граѓански работи-тој што го примил барањето е работник, тој што го процесуирал е работник, тој што го изработил е работник и тој што би требало да го издаде документот е повторно работник. По досегашните пракси, одговорноста ќе се бара кај некои од овие колеги. Но за нас тоа е неприфатливо и претставува само префрлена одговорност на некои повисоко рангирани структури, од кои некој дури сака да го префрли како проблем за идната Влада, давајќи му политичка конотација, што за нас како Синдикат нема никакво значење. За нас е симптоматично што некој тогаш сакаше да си ги испере гревовите со работниците во МВР, притоа не водејќи сметка дека тоа се потенцијални дисциплински и кривични постапки кои во ниту еден момент нема да бидат основани на факти. И претходно објавувавме и баравме наметнатите пракси да се заменат со законско и професионално работење, за да се знае каде има пропусти и недоследности, бидејќи таквите наметнати пракси наметнаа ваков проблем од кој се изродија уште повеќе проблеми. Но никој во МВР не сакаше ни да не послуша, ни да најде решение, а сега е очигледно веќе дека никој не се грижеше за нашите колеги нити пак да изнајде навремено решение.

Проблемот што се таложи со години и за кој поранешното раководство на МВР беше неспособно и неволно навреме да го реши, не може и не смее да се дозволи да падне на товар на најнискиот дел од хиерархијата-работниците кои ги спроведуваа нивните одлуки и наредби. Или во овој случај, пракси кои се косеа со законите и не доведоа сите нас во ваква состојба.

Точно е и се сложуваме дека одговорност мора да има. Но таа одговорност не може да биде строго насочена кон нашите колеги – најнискиот ешалон. Во полициската пракса, извршителот е последната алка на синџирот. Планирањето, подготовката и логистиката се неопходна претходница за да дојде до извршување. И за тоа од одговорните бараме одговорност!!!

Да се најдат одговорните и да се спроведат пред лицето на правдата, но по Закон и Устав, а не со јавен линч пред толпа за на раат да си ја избркааат мувата од капата за хаосот со личните документи! И да,

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЗАБРАНИ ПРАВО НА ГРАЃАНИН ЗА ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВО. НИКОЈ! МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ НА ОНИЕ КОИ ГО СТВОРИЈА ХАОСОТ СО ИЗДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ❗

По наша проценка ги има многу такви, но за жал се уште се кријат позади работникот и се уште го користат за своја лична корист. Мора да се стави крај на таквото нечовечко однесување и да се продолжи започнатиот процес на враќање на професионализмот во МВР!

Ја повикуваме внатрешната контрола во најскоро време да го обелодени виновникот за целиот хаос створен во врска со личните документи на граѓаните! КРАЈНО ВРЕМЕ Е!!!

Read Previous

Комисиска расправа по Предлог-законот за нефер трговски практики

Read Next

Преговорите за прекин на огнот во Газа прекинати, без резултати