ноември 24, 2024

Во Велес приведена жена осомничена дека украла пари од починато лице

Полициски службеници од СВР Велес вчера  ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ.(54) години  од Велес одзела пари.  Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Осомничената  била  задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.
На Т.Ѓ вчера  му се слушило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес по што била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.

Read Previous

По 10 илјади потписи собраа Ванковска и Јакимовски, претходно тоа им успеа на Димитриевски, Таравари и Османи

Read Next

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти за заштита на новинарите во Газа