Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека само актуелниот претседател Стево Пендаровски би можел да ги предизвика на претстојните избори.
„Зависно од кампањата, реално и според анкетите само Пендаровски би можел да не предизвика во првиот круг, за тоа кој ќе влезе во вториот одлучувачки“, вели Таравари.
Тој додава дека врз база на анкетите ВМРО ДПМНЕ е многу понапред. Како што е познато Арбен Таравари е кандидат на здружената албанска опозиција за претседател на државата.