мај 6, 2024

Детска клиника: Извештајот на ДЗР се однесува на 2022 и првиот квартал од 2023 година

Извештајот на ДЗР за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје, се однесува на работењето на Клиниката за 2022 година и првиот квартал од 2023 година.

Условниот буџет кој Клиниката за детски болести го доби на 9.02.2022 година од страна на ФЗОРСМ со бр.08-2715/1 за третман на пациентите со цистична фиброза со лекот Трикафта изнесуваше 140 000 000,00 денари и беше наменет за третман на 8 пациенти.

Во рамките на истиот буџет беа вклучени уште 4 пациенти, со нова согласност од Фондот со бр.08-4174/4 од 06.03.2023 година. Третманот на првата група од 8 пациенти беше за 11 месеци, а за втората група од 4 пациенти за 10 месеци. На 9.11.2023 година Клиниката побара и доби согласност од Фондот со бр.08-20937/4 од 15.11.2023 година за дополнителен условен буџет во висина од 100 000 000,00 денари за 102 дозажни форми на лекот, со кои ќе може да се продолжи третманот кај дванаесeтте пациенти и да се започне третман кај 39 нови пациенти, во тек на 2 месеци.

Клиниката во преговори со ФЗОРСМ побара да се обезбедат средства за континуиран третман со Трикафта на сите вклучени пациенти во текот на 2024 година.

Согласно препораките добиени од страна на ДЗР, Клиниката превзема мерки и активности за нивна реализација.

Read Previous

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Read Next

Штрајк во Прилепската болница