ноември 22, 2024

Одложена посетата на Макрон на Украина поради безбедносни причини

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја одложи посетата на Украина поради безбедносни причини, соопшти Елисејска палата.

Исто така е одложен и Француско-украинскиот бизнис совет „Медеф Интернешнл“, што требаше да се одржи за време на посетата на Макрон на Украина.

Макрон на 13 февруари требаше да оди во „симболична посета“ на Одеса, град делумно изграден од Французите, а потоа да го посети Киев.

Read Previous

Физички напад врз турски лекар во Радовиш

Read Next

МВР: Пасошите и возачките дозволи со Република Македонија престануваат да важат од 13 февруари 2024 година