ноември 23, 2024

Бајден на средбата со Шолц го обвини Конгресот: Тоа е криминално запоставување на Кијив

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американскиот Конгрес ќе биде виновен за „речиси криминалното запоставување“ на Украина доколку не го усвои предлог-законот за нејзино финансирање и му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц за неговото лидерство во обезбедувањето германска воена помош за Кијив, пишува Ројтерс.

Шолц пристигна во Вашингтон за да ги поддржи напорите на Бајден да добие средства за Украина и се сретна со претседателот на САД во Белата куќа.

Бајден и Шолц разговараа за војната на Русија со нејзиниот помал сосед, како и за кризата на Блискиот Исток.

Пред состанокот Шолц нагласи дека е охрабрен од одлуката на американскиот Сенат донесена во четвртокот да го унапреди предлог-законот од 95,34 милијарди долари, кој вклучува помош за Украина, Израел и Тајван, откако републиканците ја блокираа компромисната регулатива што вклучува реформи во имиграциската политика.

Белата куќа со месеци предупредува дека одбивањето на пратениците да му пружат помош на Кијив ќе и наштети на способноста на Украина да се бори против Русија, две години откако Русија ја нападна соседната земја.

Неуспехот На Американскиот Конгрес, Доколку Дојде До Тоа, Да Не Продолжи Да Ја Поддржува Украина Би Било Речиси Криминално Запоставување. Тоа Е Срамота, Порача Бајден.

Многу Сум Среќен Што Во Европа Донесовме Одлуки Да Ја Обезбедиме Потребната Финансиска Поддршка За Буџетот. Задоволен Сум И Што Германија Беше Подготвена Да Ја Зголеми Својата Поддршка Со Снабдување Со Оружје, Додаде Шолц, Изразувајќи Надеж Дека Конгресот Ќе Го Следи Примерот И Ќе Донесе Одлука Да Ја Даде Потребната Поддршка.

Шолц истакна дека Германија неодамна даде одлучувачки придонес за поддршка на Украина во одбивањето на целосната руска инвазија.

„Сега Истото Мора Да Се Случи И Во Остатокот Од Европа, Но И Во САД“, Рече Тој, Истакнувајќи Дека Рускиот Претседател Владимир Путин Се Надева На Недостигот На Поддршка За Украина.

„Постои Јасна Цел, А Тоа Е Желбата На Рускиот Претседател Да Анектира Дел Од Украина“, Рече Шолц.

Read Previous

Желјазко Радуков ќе биде новиот амбасадор на Бугарија во РС Македонија

Read Next

Ковачевски: Европскиот фронт постои, Таравари не е клучен за иднината на државата