ноември 23, 2024

Битиќи: Подготвен сум да прифатам да бидам кандидат за претседател на Македонија

Вицепремиерот Фатмир Битиќи откри дека има амбиции да стане претседател. Битиќи во интервју за Алсат вели дека тој би можел да биде кандидатот за консензус.

Битиќи, кој ја извршува и функцијата потпретседател на СДСМ, рече дека значителен број партиски ограноци го предложиле за кандидат за претседател.

„Јавно објавувам дека добив номинација од повеќе ограноци на партијата затоа што јавно е познато дека СДСМ е една од партиите што има најширок дострел во државата. Имаме 80 партиски ограноци во државата. Добив номинации од значителен број ограноци од СДСМ. Сега процесот на консултации продолжува и ова треба да заврши со конгресот“.

„Доколку се бара консензуален кандидат како мене, јас би прифатил таква понуда. И ако треба да направиме други компромиси и да најдеме консензус на друго место, подготвен сум да му подадам рака на секој што мисли дека таму треба да се испрати државата и работиме за истата визија“, нагласи Фатмир Битиќи, вицепремиер и потпретседател на СДСМ.

Read Previous

Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист

Read Next

Маричиќ од Универзитетот Харвард: Проевропскиот фронт ја води Северна Македонија кон ЕУ, кон просперитет на државата