ноември 24, 2024

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски кажано, голема или магарешка кашлица.

Надлежните сепак велат оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот немаме смртни случаи.

Read Previous

Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите од Алијанса за Албанците Меџити и Алиу

Read Next

Медицинскиот персонал во Прилепската болница со договор на дело бара решавање на статусот