ноември 24, 2024

Четворица ренџери од Националниот парк Шар Планина сами изгасиле пожар над тетовско Јеловјане

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар кој кај нив бил пријавен на бројот 112 бил изгасен од мал тим ренџери од Националниот парк Шар Планина. Станува збор за пожар во над планинското село Јеловјане, Општина Боговиње во областа на планинарската патека позната како „Шарски води“ забележан во раните попладневни часови.

-Регионалниот ЦУК Тетово, по известување од националниот парк, информира дека гори ниска вегетација и грмушки. Од Националниот парк „Шар Планина“ веднаш реагирале и интервенирале со сопствени сили со тим од четворица вработени ренџери, а биле во постојана комуникација со ЦУК. Тимот ренџери од Националниот парк „Шар Планина“, при крајот од денот, го изгаснаа попладневниот пожар над село Јеловјане на патот „Шарски води“, по што биле повлечени од терен, информираат од ЦУК.

Ренџерите од паркот и во неделата и понеделникот, се справуваа со два пожари на други локации на подрачјето на Шар Планина во близина на селата Бозовце и Вешала.

Read Previous

Тренчевска: Младите остануваат нашиот партнер во работата

Read Next

Столтенберг: Поддршката за Украина не е добродетелство, се работи за нашата сопствена безбедност