септември 22, 2024

Во Крива Паланка собрани 107 единици крв

На денешната крводарителска акција во организација на Црвен Крст на Северна Македонија, општинска организација Крива Паланка, собрани се 107 единици крв.

Ова е втора акција за крводарување во општината од почетокот на годината. Денешниот акција се одржа училишната спортска сала на основното училиште „Св.Јоаким Крчовски”, зграда Партизан.

Акцијата беше наменета за одделение за внатрешни работи Крива Паланка, но се одзваа и голем број граѓани. Сите тие се животоспасители, повторно на браникот на хуманоста,за што им благодариме, рече секретарот на ОО Црвен Крст Крива Паланка, Дарко Пешовски.

Акцијата традиционално се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје.
На двете акции организирани за граѓаните на Крива Паланка и Ранковце во 2024 година, собрани се вкупно 159 единици крв.

Read Previous

Собранието ги изгласа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Read Next

Тренчевска: Младите остануваат нашиот партнер во работата