ноември 23, 2024

Осуденик се обидел да избега од Идризово

МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел да избега од затворот Идризово, но бил спречен од вработените.

Како што информира МВР, се работи за И.М. (31) кој при обидот да избега, физички нападнал еден од вработените.

-На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР во денешниот билтен.

Read Previous

Ердоган им ги предаде клучевите од новите станови на граѓаните погодени од разорниот земјотрес

Read Next

„Не користи мобилен телефон додека возиш – секој повик може да почека“ – превентивно-едукативни активности на СВР Тетово