ноември 23, 2024

Пендаровски на настанот „За Маестрото“ по повод роденденот на Александар Џамбазов

Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со сопругата, присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит.

-Со големо задоволство денеска со Бети присуствувавме на културен настан посветен на великанот на македонската популарна и детска музика, Александар Џамбазов, токму на неговиот роденден. Имавме можност да ја разгледаме книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ којашто беше промовирана и којашто претставува вистинска музичка ризница од композиции за деца на маестро Џамбазов, подготвена од авторите Бранка Костиќ- Марковиќ и Марко Коловски, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил.

Во срцето на Дебар Маало, додава Пендаровски, беше откриен мурал со ликот на Александар Џамбазов и неговите „славејчиња“, дело на уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка.

-Заедно со дел од поранешните „славејчиња“ сите присутни ги запеаја незаборавните детски песни „Песна за Скопје“, „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, наведува Пендаровски.

Read Previous

САД бара Унгарија веднаш да одобри влез на Шведска во НАТО: Будимпешта ризикува трајно да ги оштети односите со Вашингтон

Read Next

Ердоган им ги предаде клучевите од новите станови на граѓаните погодени од разорниот земјотрес