ноември 22, 2024

Нов случај на голема кашлица: Во Козле хоспитализирано две ипол месечно бебе

На клиниката во Козле пред пет дена потврден уште еден, четврти случај годинава, на голема кашлица.

Станува збор за две ипол месечно бебе кое на клиниката било донесено со влошена здравствена состојба но од Клиниката информираат дека неговата состојба сега е стабилна.

Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели.

Покрај кашлицата болеста може да предизвика компликации на респираторниот и нервниот систем кои пак може да остават трајни последици на мозочната функција и невролошкиот развој кај децата.

Кај сите пациенти кај кои до сега е констатирани присуството на пертусист заедничко е тоа што не биле вакцинирани.

По појавата на болеста опфатот со вакцинација со ДТПР е зголемен велат надлежните.

Read Previous

Џафери-Гир: Следните избори кои ќе ги подготви и спроведе техничката Влада се клучни за европската иднина

Read Next

Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз