ноември 23, 2024

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го потпишал указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, за афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација, како и за почитување и унапредување на јазичниот стандард.

– Претседателот Пендаровски очекува дека примената на законот ќе придонесе за надминување на алармантните состојби во врска со неправилната употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и за зголемена, организирана и системска грижа на државата за неговата правилна употреба, се наведува во соопштението. 

Read Previous

Меџити: Ќе се изготви национална стратегија за 2023 – 2030 за справувањето со антимикробната резистенција

Read Next

Штрајк во ФЗО ако УО донесе одлука за намалување на платите за 21 процент