ноември 24, 2024

Ковачевски-Агелер: САД сакаат да ја видат Северна Македонија што поскоро во ЕУ

САД сакаат да ја видат Северна Македонија што поскоро во Европската унија, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер.

-Уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики. Високо ја цениме добронамерноста на нашите американски пријатели, кои и на Лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ја повторија пораката дека ќе продолжат заедно со нас на европскиот пат, напиша Ковачевски.

Нашиот следен исчекор кон евроинтеграциите, како што наведува Ковачевски, е долгоочекуван и меѓународно поддржан како никогаш досега.

-Верувам дека овој момент ќе го препознаат проевропските сили во општеството кои ќе застанат во одбрана на визијата за европска држава. Зад таа визија стои нашиот концепт на европерспективи и осигурена европска иднина наспроти концептот на неизвесност и изолација, подвлекува Ковачевски по средбата со американската амбасадорка Анџела Агелер.

Read Previous

Има обрасци за пасоши, издавањето документи продолжува и по 12 февруари, уверува Спасовски

Read Next

Двојните избори ќе чинат речиси 17 милиони евра, од кои 10,6 се за платено политичко рекламирање