ноември 23, 2024

Вработени во ЈСП на протест пред град Скопје, во прекин јавниот градски превоз

Членови на Синдикатот на вработените во ЈСП претплатнево се собраа пред просториите на град Скопје каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз, што е стопиран од 9 часот изутрината.

Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот,  по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец.

Пред бараките на град Скопје се околу 400 вработени, како што велат, во знак на револт и да вршат притисок врз советниците на Градот, кои треба да ја изгласаат одлуката.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје.

Тој рече дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата. Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови.

Стојановски соопшти дека и приватните автобуски превозници им се приклучиле и сообраќале до 9 часот, во знак на солидарност.

Read Previous

Шефот на турската дипломатија разговараше со лидерот на Хамас

Read Next

Ковачевски: Планот за раст е мост што ги поврзува европските аспирации со реалноста