ноември 23, 2024

Земјите членки на ЕУ го поддржаа новиот Европски закон за слобода на медиумите

Земјите членки на ЕУ го поддржаа предлогот за усвојување на нова европска законска регулатива со која треба да се воспостави заедничка рамка за медиумските услуги во Унијата и да се заштитат слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и уредувачка независност во блокот, објави Советот на ЕУ.

Со регулативата, наречена Европски закон за слобода на медиумите (ЕМФА), се воспоставува заедничка рамка на ниво на ЕУ за медиумските услуги на внатрешниот европски пазар, се воведуваат мерки за заштита на новинарите и медиумите од политичко влијание и истовремено се олеснува медиумското работење во границите на Унијата.

Новите Правила Ќе Го Гарантираат Правото На Граѓаните За Пристап До Слободни И Информации Од Повеќе Извори И Ќе Ја Дефинираат Одговорноста На Земјите Членки Да Обезбедат Соодветни Услови И Рамка За Заштита На Ова Право, Посочува Европскиот Совет.

Според министерот за млади, медиуми и намалување на сиромаштијата на белгискиот регион Фландрија, Бенјамин Дале, оваа прва регулатива поврзана со културата и медиумите за време на претседавањето на Белгија со Унијата е особено значајна за слободата на медиумите и плурализмот во ЕУ.

Оваа Нова Регулатива Ќе Ги Заштити Новинарите И Нивните Извори И Ќе Им Овозможи На Граѓаните Да Носат Одлуки Врз Основа На Поголем Број И Независни Информации, Оцени Дале.

Предлогот за усвојување на Европски закон за слобода на медиумите го иницираше Европската комисија на 16 септември 2022 година. По повеќе од една година консултации и усогласувања меѓу институциите на Унијата, лани во октомври започнаа преговорите меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент по текстот на конечната верзија на Законот, кој беше усогласен со постигнатиот договор на 15 декември 2023.

По поддршката на конечната верзија на Законот за слобода на медиумите од страна на земјите членки, ќе следи негов превод на сите официјални јазици на Унијата, по што тој и формално треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и Европарламентот до април 2024 година.

Read Previous

Едно лице загина на патот Гевгелија-Богданци, во сообраќајката учествувале четири возила

Read Next

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик го поврзува регионот во духот на европските вредности