ноември 23, 2024

„Катимерини“: Грција блокирала одбранбен договор ЕУ-Албанија

Поради случајот со притворениот градоначалник на албанскиот град Химара Фреди Белери, Грција блокирала одбранбен договор меѓу Албанија и Европската Унија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, ЕУ е во фаза на забрзување на процесите на потпишување договори со трети земји со цел подобра одбранбена соработка, а пред неколку дена во Брисел се одржал состанок за склучување низа договори за одбрана и безбедност со Канада, Јапонија, Гана, Молдавија, Норвешка и Јужна Кореја.

Од грчка страна имало приговори за Албанија, порачувајќи дека мора да се усогласи со европското законодавство, кое како клучен елемент го вклучува почитувањето на владеењето на правото.

-Во овој контекст грчката страна доставила свој предлог според кој најсоодветна земја за склучување договор за одбрана и безбедност со ЕУ е Северна Македонија, која покажа подобри достигнувања во владеењето на правото, додека стандардизацијата на вооружените сили според западните стандарди (преку членството во НАТО) напредуваше со исклучително брзо темпо, пишува весникот.

Конкретниот предлог не бил прифатен, а договорот со Албанија не бил потпишан и покрај многу силната поддршка од Италија.

Read Previous

Пере и пегла по дома: Погледнете како хуманоидниот робот на „Тесла“ ги дипли алиштата

Read Next

ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност