ноември 22, 2024

Почна собирањето потписи за смена на градоначалниците во Северна Митровица и Лепосавиќ

Во Северна Митровица и Лепосавиќ денеска почна собирањето потписи за смена на градоначалниците од албанската заедница во општините на северот на Косово со српско мнозинство.

Доколку Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) го потврди резултатот од петицијата, тоа ќе го отвори патот за смена на градоначалниците Албанци кои беа избрани во април 2023 година, откако изборите беа бојкотирани од Србите во знак на незадоволство од политиката на косовската влада.

Петицијата ја потпишаа и претставници на Српската листа, партијата која ги бојкотираше изборите и чии претставници ги напуштија косовските институции и го охрабрија заминувањето на другите Срби.

Read Previous

Почнува реализацијата на новите системи за наводнување кои ќе опфатат 13 000 хектари земјоделско земјиште

Read Next

Илјадници Грци патуваат во Северна Македонија и Бугарија за поевтини производи