ноември 23, 2024

Нов лапароскоп за гостиварската болница

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија.

Со Ова, Првпат Во Областа На Урологија Ќе Се Извршуваат Лапароскопски Интервенции Во Болницата И Ќе Нема Потреба Пациентите Да Се Упатуваат Во Скопје За Овој Тип Интервенции. Лапароскопската И Ендоскопската Опрема Е Набавена Од Министерството За Здравство Во Вредност Од 10.5 Милиони Денари. Со Оваа Инвестиција Значително Се Унапредува Специјалноста Урологија Во Оваа Болница, А Воедно Се Проширува Опсегот На Здравствени Услуги Кои Се Обезбедуваат Во Установата, Изјави Меџити.

Изминатиот период за установата беше набавен и подвижен рентген апарат со C-рака со дигитален детектор во вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

Read Previous

Османи: Наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење

Read Next

Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“