САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, еден ден откако првиот удар предизвика масовни протести во главниот град на Јемен.
„Нападот извршен од УСС Карни рано утринава беше насочен кон радарска локација на бунтовниците Хути во Јемен и беше дополнителна акција на целта поврзана со вчерашните напади, преземени да ја деградираат способноста на Хутите да напаѓаат бродови“, објави американската војска во соопштението на платформата Х.
At 3:45 a.m. (Sana’a time) on Jan 13., U.S. forces conducted a strike against a Houthi radar site in Yemen. This strike was conducted by the USS Carney (DDG 64) using Tomahawk Land Attack Missiles and was a follow-on action on a specific military target associated with strikes… pic.twitter.com/YE5BKJLGBv
— U.S. Central Command (@CENTCOM) January 13, 2024
„Дополнителните Удари Беа Значително Помали Отколку Претходната Ноќ, Кога Беа Погодени Речиси 30 Локации“, Изјави Американски Претставник За Си-Ен-Ен.
Официјалните медиуми на милитантите поддржани од Иран претходно објавија дека била нападната воздухопловната база Ал Даилами во главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците. Претходно вчера, директорот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал-полковник Даглас Симс, изјави за новинарите дека Хутите лансирале противбродска балистичка ракета како одмазда за нападите во четвртокот вечерта, но таа не го погодила пловилото.
„Сите Американско-Британски Интереси Станаа Легитимни Мети За Хутите По Нападот“, Рече Врховниот Политички Совет На Бунтовниците, Додека Хусеин Ал-Ези, Заменик-Министер За Надворешни Работи На Бунтовниците, Рече Дека САД И Велика Британија Мора „Да Се Подготват Да Платат Висока Цена“.
Пет лица загинаа, а шест се повредени во офанзивата во четвртокот вечерта, за која Хутите вчера соопштија дека била насочена кон 73 локации во главниот град Сана, околу пристанишниот град Ходеида и три други региони.
Велика Британија и САД ги бранеа нападите, кои означија голема ескалација во блискоисточната криза, предизвикана од војната меѓу Израел и Газа, но беа осудени од регионалните лидери за поттикнување тензии во и онака нестабилната клима.
Хутите во Јемен се поддржани од Иран, а САД го обвинија Иран дека е „длабоко вклучен во планирањето на операциите против трговските бродови во Црвеното Море“, што траат од ноември минатата година.
Британскиот министер за одбрана Грант Шапс синоќа упати предупредување до лидерите во Техеран.
„Морате Да Ги Натерате Бунтовниците Хути И Другите Кои Дејствуваат Како Ваши Полномошници, На Пример Либанскиот Хезболах И Некои Организации Во Ирак И Сирија, Да Престанат И Да Се Откажат Бидејќи Нам, На Светот, Ни Се Намалува Трпението. Гледаме Што Правите. Гледаме Како Го Правите Тоа, Особено Хутите, И Ништо Добро Не Може Да Произлезе Од Тоа“, Изјави Шапс За Дејли Телеграф.